Нашата стратегија

Коментари

НАЦИОНАЛНА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА 2024-2044

Врз основа на членот 5 став (3) од Законот за Националната развојна стратегија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 30/24), Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 октомври 2024 година ја донесе Националната развојна стратегија 2024-2044 година.

Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година е водечки документ со кој се дефинираат главните национални развојни цели,стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родовоеднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија.

Како стратешки и развоен документ, НРС ги идентификува клучните предизвици и државните приоритети, особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2030 година и заложбата за одржлив развој преточена во Агендата 2030. НРС во основа ги вклучува главните цели дефинирани во усвоените стратешки документи, но и дава насоки за идните стратешки документи и политики.

Основната идеја на НРС е да овозможи континуитет во стратешкото планирање и конзистентен одговор на главните предизвици, без оглед на политичката ориентација.

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Scroll to top

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

Создаваме иднина заедно, НРС 2024-2044. Сите права задржани.