ОДРЖЛИВА, ИНОВАТИВНА И КОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА
МИСИЈА
Во 2044 година, македонската економија ќе биде иновативна, ефикасна, конкурентна, зелена и високоинтегрирана во меѓународната трговија и во меѓународните финансии, со развиена претприемничка култура, способна да креира одржлив економски развој. Ќе има прифатлива рамнотежа во трите компоненти на развојот (економскиот раст, социјалната вклученост и еколошката компонента), нови продуктивни и добро платени работни места во компании што го следат технолошкиот развој и произведуваат добра и услуги со висока додадена вредност и препознаваат дека мажите и жените треба еднакво да учествуваат во сите процеси и на сите нивоа.
ЦЕЛИ
За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:
1. Економија заснована на знаење, иновации и на дигитализација
Приоритети
1. Модел на економски раст заснован на паметна специјализација и зелена трансформација
2. Резултати од истражување, развој и иновации како основа за забрзан и зелен економски раст
3. Воспоставена соработка меѓу научноистражувачкиот сектор и бизнисот
4. Екосистем што поддржува претприемништво и стартапи
2. Високоинтегрирана економија во меѓународната трговија и во меѓународните финансии
Приоритети
1. Регулативна сигурност што создава висок конкурентен притисок на домашниот пазар
2. Висок прилив на СДИ во согласност со паметна специјализација и зелена трансформација на земјата
3. Домашни компании вклучени во регионалните и во глобалните синџири на вредности
4. Пристап до конкурентни и диверзификувани финансиски услуги и капитал
5. Извозна структура на земјата со застапеност на добра со висок степен на финализација и на услуги со висока содржина на знаења
6. Висок степен на формализација на економијата
3. Работна сила што ги задоволува сегашните и идните потреби на пазарот на труд
Приоритети
1. Наставни програми со интегрирани предмети и содржини поврзани со иновации и претприемништво
2. Задолжителна практична настава во средното и во високото образование
3. Кариерен развој на ученици и студенти
4. Формално и неформално образование во согласност со технолошките и со пазарните трендови
5. Воспоставена мобилност на работната сила со фокус на привлекувањето интелект („brain gain“)
6. Регулирана легална имиграција за справување со недостигот на пазарот на труд
7. Зголемено учество на жените и на ранливите групи во економските текови на државата
8. Инвестиции во талентирани ученици и студенти