ВИЗИЈА
Луѓето во Република Северна Македонија имаат висок животен стандард, реализирајќи се во економија што е одржлива, конкурентна и нуди еднакви можности за сите.
Институциите се ефикасни, отчетни, одговорни, иновативни и отворени за учество на граѓаните. Заедниците во кои живееме се зелени, безбедни, отпорни на современите ризици и опасности, инфраструктурно поврзани и дигитализирани.
Овие услови придонесуваат да се создаде основа за просперитетни млади, поединци што се задоволни, среќни, здрави и луѓе што активно стареат.
Уметноста и културата се столбовите на нашето општество и придонесуваат за подобрување на колективната благосостојба и за меѓународната перцепцијата за државата.
Нашата држава е активен и почитуван член на меѓународните организации и на регионалните иницијативи, каде што промовира вредности, норми и процеси што резултираат во подобрување на животот на сите луѓе.