Владеење на правото и добро управување

Коментари

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

МИСИЈА

Република Северна Македонија да биде развиена како заедница заснована врз владеење на правото и врз добро управување, како најсилна гаранција за почитување на правото на среќа на граѓаните и на подобар квалитет на живот. До 2044 година, како нова членка на ЕУ, државата ќе ги обезбеди сите слободи и права на македонските граѓани како државјани на ЕУ. Сите институции на власта - законодавната, извршната и судската ќе ги остваруваат своите функции врз европските вредности и стандарди, со високоефективно, отчетно, транспарентно и целосно дигитализирано судство, со силна, високопрофесионална и деполитизирана и ефикасна јавна администрација, со граѓани што се вистински учесници во политичкото одлучување и истовремено се заштитени ранливите групи на сите нивоа; со суштинско учество на бизнис-заедницата, на граѓанското општество и на политичките партии во креирањето на јавните политики низ постојано унапредување на демократските односи и дијалог на сите нивоа и со одговорни носители на јавни функции и даватели на јавни услуги. Државата ќе создаде средина каде што ќе постојат услови за поголема социјална правда и сигурност за сите граѓани, кои ќе живеат како во економски поразвиените држави со функционална демократија.

ЦЕЛИ

За реализација на мисијата, дефинирани се следните цели:

1. Владеење на правото и доследно применето начело на поделба на власта и ефективна парламентарна контрола

Приоритети

1. Забрзување на евроинтегративниот процес

2. Доследна примена на начелото на поделба на власта и создавање ефикасни и департизирани институции

3. Политичките партии како промотори на демократските процеси и на демократскиот дијалог

4. Независни судови, самостојни и ефективни обвинителства и други институции на правдата

2. Транспарентен, отчетен и ефикасен јавен сектор

Приоритети

1. Транспарентна и демократска постапка на донесување легитимни закони и други одлуки

2. Доследна и континуирана имплементација на донесените закони и почитување на договорените обврски

3. Избор, именување, вработување и унапредување во јавната администрација врз основа на системот на заслуги

4. Засилена транспарентност и отчетност во остварување на јавните функции

5. Судска контрола над законитоста на актите на јавната администрација

6. Дигитализација на јавните сервиси и служби и слободен пристап до информации на граѓаните за нивното функционирање

7. Јавна администрација ориентирана кон остварување резултати

8. Креирани политики со учество на граѓански организации, граѓани и други засегнати страни

3. Силно граѓанско општество и слободни и независни медиуми

Приоритети

1. Силен граѓански сектор како основа за отчетно, транспарентно и демократско општество

2. Слобода на медиумите за објективно информирање

4. Нулта корупција, правна сигурност и неселективна правда

Приоритети

1. Примена на универзалните стандарди на добро владеење

2. Ефикасна борба против корупцијата, организираниот криминал и злоупотребите на власта на сите нивоа

3. Независни, функционални и добро координирани државни институции

5. Ефикасна заштита на основните човекови слободи и права и заштита на заедниците

Приоритети

1. Држава во која владее еднаквост, недискриминација и праведност

2. Мултикултурализам, заемно почитување на етничките, верските и на другите заедници и уставен патриотизам

3. Заштита на немнозинските заедници, на сиромашните лица, и лицата што се дел од миграциските текови

4. Хуман затворски систем и ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудени лица

5. Ефикасна заштита на правата за здрава животна средина

6. Пристап до правда

ВЛАДЕЕЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

Преземи документ

RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Scroll to top

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

Создаваме иднина заедно, НРС 2024-2044. Сите права задржани.