Работниот комитет на Националната развојна стратегија 2024–2044, на тема „Надворешна политика и надворешна трговија“, се одржа денес со присуство на претставници од државни институции, дипломатски претставништва, академската заедница, приватниот сектор, меѓународни организации и граѓанскиот сектор. На денешниот Работен комитет беа разгледани предизвиците и приоритетите што произлегуваат од актуелните глобални текови, вклучувајќи ја растечката геополитичка неизвесност, миграциските движења, климатските промени и последиците од вооружените конфликти.
На 24 ноември 2025 година се одржа Работниот комитет на тема „Сигурно општество со фокус на внатрешната безбедносна политика“, како дел од реализацијата на Националната развојна стратегија 2024–2044.
Денес се одржа работен состанок на Работниот комитет на Националната развојна стратегија 2024–2044, посветен на темата „Одржлива, конкурентна и иновативна економија“. На состанокот се разгледуваа конкретни мерки и насоки за забрзан економски раст, поттикнување иновации и унапредување на конкурентноста на македонската економија.
Во периодот од 27 до 30 октомври 2025 година во Загреб, Република Хрватска, се реализира студиска посета во рамките на проектот „Подобрување на вештини за мониторинг и евалуација (M&E) за јавни и државни службеници“, поддржан преку програмата Еразмус+, кој го спроведува Македонската мрежа на евалуатори (ММЕ) во партнерство со Хрватското друштво за евалуација (HEVAL).
Денес се одржа работен состанок на Работниот комитет на Националната развојна стратегија (НРС) на тема „Одржлив локален и регионален развој кој обезбедува кохезија“.
Петдневната обука за градење капацитети насловена „Комуникациски вештини “ беше успешно реализирана во период од 13 до 17 октомври 2025 година. Оваа обука се одржа во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Националната развојна стратегија (2024–2044), имплементирана преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На 20 октомври 2025 година, се одржа работен состанок – Консултации во процесот на подготовка на Стратегијата за развој и одржување на патишта 2026–2036. Настанот се реализираше во рамките на Националната развојна стратегија 2024–2044, која се спроведува од Владата на Република Северна Македонија со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Во Собранието денес се одржа Втората седница на Интерпартиската парламентарна група за следење на напредокот на Националната развојна стратегија 2024–2044. Седницата беше посветена на прелиминарниот Преглед на мапирани буџетски програми во контекст на Националната развојна стратегија, изготвен од проф. д-р Александар Стојков и проф. д-р Борче Треновски.
На 29 септември 2025 година, се одржа Работниот комитет на Националната развојна стратегија (НРС) на тема „Сигурно, безбедно и отпорно општество – Управување со вонредни состојби“. Настанот се фокусираше на предизвиците поврзани при справување со кризни состојби и унапредување на координацијата меѓу институциите и засегнатите страни.
Во рамките на глобалната Платформа на мапи за инвестирање (SDG Investor Platform), поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавена е НРС/ЦОР Мапа за инвестирање на Република Македонија. Оваа алатка претставува значаен чекор во насока на имплементација на Националната развојна стратегија 2024–2044 (НРС) и исполнување на Целите за одржлив развој (ЦОР), преку идентификација и промоција на области со висок потенцијал за инвестирање.
Во Собранието на Република Северна Македонија денес се одржа Инаугуративната седница на Интерпартиската парламентарна група за следење на Националната развојна стратегија 2024–2044. Со седницата претседаваше претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој е иницијатор за формирање на Групата. На седницата покрај членовите учествуваа ко – претседавачите на Групата и координатори на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ И СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и постојаниот претставник на УНДП, Арменд Григоријан.
Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, се одржа тркалезна маса посветена на ревизиите на успешност и нивната поврзаност со Националната развојна стратегија 2024–2044 и Целите за одржлив развој. Настанот беше организиран како дел од подготовките за спроведување на Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година, која предвидува спроведување на 13 ревизии на успешност, усогласени со клучните приоритети од Националната развојна стратегија и Целите за одржлив развој.
На 26 март 2025 година, се одржа вториот состанок на Советодавното тело за процесот на креирање на НРС/ЦОР Инвестиционата мапа. Состанокот беше означен како значаен чекор во развојот на оваа алатка, која има клучна улога во усогласувањето на развојните потенцијали и инвестициските можности во Република Македонија.
На 10 март 2025 година се одржа третата седница на Националниот совет за развој, на која Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, го отвори состанокот и се обрати пред присутните членови и гости. Во своето обраќање, Претседателот на Владата го истакна значењето на Националната развојна стратегија 2024–2044 како клучен документ за долгорочен развој на Република Северна Македонија. Тој нагласи дека оваа стратегија е резултат на широкото вклучување на различни чинители, како што се граѓаните, експертите, академиците, бизнис заедницата и граѓанските организации, кои со своите придонеси помогнаа во дефинирањето на предизвиците и насоките за нивно надминување.
На денешниот Работен комитет на Националната развојна стратегија 2024-2044, кој се одржа со фокус на темата „Безбедност на сообраќајот“, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во своето воведно обраќање ја истакна важноста на оваа тема за нашето општество како сложен предизвик кој бара интегриран пристап, од строга примена на законите и засилени контроли, до едукација на сите учесници и подобрување на инфраструктурата. Тој нагласи дека безбедноста во сообраќајот е клучен фактор за остварување на целите поставени во Националната развојна стратегија (НРС), бидејќи таа има директно влијание на квалитетот на животот, економскиот развој и одржливоста на инфраструктурата.
На 5.2.2025 година се одржа првиот состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија, во проширен состав. Управниот одбор со Работниот комитет е помошно тело на Националниот совет за развој, како постојано советодавно тело на Владата. Тие ја претставуваат управувачката структура на Националната развојна стратегија.
Денеска официјално беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Генералниот секретаријат на Владата.
Денес се одржа првата работна средба на Работниот комитет за Владеење на правото на Националната развојна стратегија на Република Македонија. Работниот комитет, како помошно тело на Националниот совет за развој, продолжува со серијата состаноци кои имаат за цел вклучување на релевантните засегнати страни во креирање на јавните политики. Овој комитет е формиран за да ја поддржи операционализацијата на Националната развојна стратегија 2024–2044 и за да овозможи дијалог меѓу државната администрација, бизнис секторот и граѓанските организации.
Денес се одржа првата работна средба на Работниот комитет за Патна инфраструктура и железница во рамките на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија. На настанот, воведно се обрати генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Игор Јанушев, кој ја истакна важноста на патната инфраструктура и железница како клучни фактори за економскиот развој и социо-економската стабилност на земјата.
На 18 ноември 2024 година се одржа втората тркалезна маса посветена на развојот и дефинирањето на алатките за мониторинг и евалуација на Националната развојна стратегија 2024-2044. На настанот, кој беше организиран со цел да се презентираат резултатите од процесот на вклучување на засегнатите страни, присуствуваа клучни претставници од јавниот, приватниот сектор, како и граѓанското општество.
На 15 ноември 2024 година, во рамките на Националната развојна стратегија, се одржа Првата работилница на Работниот комитет на тема Дигитализација, која ги обедини клучните чинители од различни сектори на нашето општество.
На 14 ноември 2024 година беше успешно одржана Третата работилница во рамки на процесот на операционализација на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија, со фокус на развивање на пилот политики за интеграција на мигранти и бегалци. Работилницата беше дел од серијата настани чија цел е да се поттикне соработката меѓу клучните засегнати страни во креирањето и имплементацијата на сеопфатни пилот проекти, кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на Националната развојна стратегија.
На 8-ми ноември 2024 година, во рамките на процесот на спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044, се одржа работна средба на работен комитет посветен на темата „Енергетика“. Средбата се одржа со цел понатамошно дефинирање на клучните приоритети и активности во енергетскиот сектор, како дел од стратегијата за долгорочен економски развој на Република Северна Македонија.
На 7 ноември 2024 година, се одржа првата округла маса посветена на алатките за мониторинг и евалуација на Националната Развојна Стратегија (НРС) 2024-2044. Овој настан го водеше проф. д-р Александар Стојков, а воведно се обрати генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Игор Јанушев.
На 29 октомври 2024 година се одржа Вториот дијалог за Даночната политика, посветен на унапредување на Целите за одржлив развој (ЦОР) и спроведување на Националната развојна стратегија (НРС), со акцент на концептите TAX4SDGs и TAX4NDS. Овој значаен настан имаше за цел да ги истакне виталните аспекти на ефективното оданочување како клучен инструмент не само за генерирање приходи, туку и за промовирање на инклузивност, одржлив развој и отпорност на глобалните предизвици.
На 17 октомври 2024 година, се одржа втората работилница посветена на операционализацијата на Националната развојна стратегија, со акцент на развивање на пилот политики за интеграција на мигрантите и бегалците во социјалниот, економскиот и политичкиот живот.
На 9 октомври 2024 година, се одржа првата од три работилници за операционализација на Националната развојна стратегија, со акцент на развивање на пилот политики за интеграција на мигрантите и бегалците во социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Овие активности се во насока на остварување на целите од Националната развојна стратегија, во рамките на стратешката област „Владеење на правото и добро управување“.
На 4 октомври 2024 година, се одржа првиот состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС) со повеќе од 200 учесници. Овој настан означува почеток на заеднички напори за остварување на целите на Националната развојна стратегија, применувајќи пристап кој го опфаќа целото општество.
На 3 октомври 2024 година, се одржа Првиот дијалог за даночната политика за унапредување на Целите за одржлив развој (Агенда 2030) и спроведување на Националната развојна стратегија (TAX4SDGs и TAX4NDS). Овој значаен настан го отвори Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски.
На 23 септември 2024 година, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа втората седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваа Амбасадорот на Обединетото Кралство, г-дин Метју Лосон, г-ѓа Рита Колумбиа, Постојан координатор на Обединети Нации, г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, како и високи државни функционери односно Претседателот на Владата и негови заменици, министри, Генералниот секретар на Владата, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, МАНУ, координатори на политички партии во Собранието, претставници од стопанските комори, синдикати, градоначалници односно претседатели на советите за развој на планските региони, претставници од универзитетите, и од Националниот младински совет.
Состанок на советодавното тело - NDS/SDG Инвестициската мапа
Контролни табли со клучни индикатори на НРС со приказ на целите и и показателите кои се однесуваат на секоја стратешка област. Приказ на почетна состојба, среднорочните проекции (2034 година) и долгорочните проекции (2044 година)
Целта на овој повик е создавање на регистар/база на надворешни експерти како членови на Работниот комитет, кои повремено ќе бидат ангажирани во подготовката и ажурирањето на текстот на Националната развојна стратегијата и на Програмата за нејзино спроведување.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024-2044 – најголемиот стратегиски документ во кој се дефинирани главните цели и мерки за развојот на земјата во следните 20 години.
Националната развојна стратегија го трасира развојниот пат на Северна Македонија во следните две децении
Собранието денеска го усвои Законот за Националната развојна стратегија со поддршка на пратениците од власта и опозицијата од речиси сите политички партии кои се застапени во законодавниот дом. Ова го отвора патот за усвојување и на текстот на најсеопфатниот стратешки документ од осамостојувањето на државата, во кој се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија во наредните 20 години.
Драфт верзијата на Националната Развојна Стратегија е сега достапна на Електронскиот Национален Регистар (ЕНЕР) за јавна консултација. Сите заинтересирани страни, вклучувајќи владини институции, претпријатија, академски институции, невладини организации и граѓани, имаат можност да го прегледаат нацрт документот на ЕНЕР и да достават свои видувања, коментари и сугестии.
Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации.
Денеска се одржа работилница на која учествуваа повеќе од 200 ученици од основните и средните училишта во државата. Научија како да препознаваат дезинформации и зошто лажните вести се штетни. Се запознаа и со главните цели на Национална развојна стратегија/Strategjia Kombëtare për Zhvillim, процес кој го дефинира развојниот пат на државата во следните 20 години.
Повеќе од 400 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, експерти од различни области, голем број млади и младински организации, вчера и денеска учествуваа на финалните консултации за Националната развојна стратегија.
Повеќе од 200 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, експерти од различни области, голем број млади и младински организации учествуваа на денешните финални консултации за Националната развојна стратегија.
Предвидувања и размислувања за иднината беше темата на денешната дискусија, која се одржа како дел од процесот на подготовка на Нацоналната развојна стратегија. На денешниот настан присутните разговараа за секоја од шесте стратешките области во стратегијата и како процесот на информирани предвидувања за иднината да се искористи за поуспешна имплементација на НРС во претстојниот период.
Подобро користење на постојните, воведување иновативни инструменти и механизми, како и мобилизирање дополнителни ресурси за финансирање на Целите за одржлив развој беше главната тема на денешната дискусија, која ја оргнизираше Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Безбедно и отпорно општество беше темата на денешната дискусија, која се одржа како дел од процесот на подготовка на Нацоналната развојна стратегија. Учесниците на настанот разговараа за идниот стратешки развој, односно финализирање и вклучување на различните гледишта за стратешките цели и приоритети во финалниот документ на стратегијата, од аспект на безбедност и отпорност на општеството.
„Унапредување на еколошка правда – состојби, предизвици и перспективи“ е главна тема на дводневните панел дискусии со засегнати страни, поврзани со процесот на подготовка на Националната развојна стратегија.
Неопходни се реформи во правосудството, борба против корупцијата, департизација и деполитизација на јавните институции за да може да се постигне целта за владеење во функција на граѓаните, која е една од стратешките области на Националната развојна стратегија. Ова беа пораките на денешната Јавна расправа во Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Северна Македонија, која се одржа како дел од сеопфатниот процес на подготовка на Националната развојна стратегија (НРС).
Поттикнувањето поиновативна и поконкурентна економија е една од целите содржани во Националната развојна стратегија, документ кој го исцртува развојниот пат на државата во наредните 20 години. Со цел отворање поширока дебата на оваа тема, денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа Јавна расправа за утврдување на стратешките цели и приоритети и потребните системски промени во следните две децении во областа на иновативната и конкурентната економија.
Обезбедување одржливост на Националната развојна стратегија (НРС) во следните 20 години и зајакнување на капацитетите на институциите за систематско истражување и предвидување на иднината се главните теми на дводневната обука „Антиципативно планирање и управување“.
Просторното планирање и регионалниот развој треба да имаат водечко место при креирањето политики за патот по кој ќе се движи државата во наредните години, заклучија пратениците на денешната дебата за Националната развојна стратегија, која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија.
Размена на добри практики за просторно планирање, регионален развој и давање приоритет на јавниот интерес при планирање и искористување на земјиштето беа главната тема на денешната дебата со наслов „Поврзаноста на Националната Развојна Стратегија со просторното планирање и регионалниот развој“, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации и Амбасадата на Обединетото Кралство.
Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.
Учествувај