На 23 септември 2024 година, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа втората седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваа Амбасадорот на Обединетото Кралство, г-дин Метју Лосон, г-ѓа Рита Колумбиа, Постојан координатор на Обединети Нации, г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, како и високи државни функционери односно Претседателот на Владата и негови заменици, министри, Генералниот секретар на Владата, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, МАНУ, координатори на политички партии во Собранието, претставници од стопанските комори, синдикати, градоначалници односно претседатели на советите за развој на планските региони, претставници од универзитетите, и од Националниот младински совет.    

Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, во својот говор, ја отвори седницата и нагласи дека Советот е важна платформа за учество во реализацијата на стратешките цели на државата. Воедно ја истакна потребата од создавање патоказ за периодот 2024 – 2044 година, којшто ќе вклучува соработка на сите одлучувачки фактори во општеството.

„Оваа стратегија не е само на Владата, туку треба да биде заеднички документ, точка на поврзување на сите засегнати страни“, рече Претседателот на Владата, додавајќи дека активното учество и на опозицијата е исто така од клучно значење.

Понатаму, Претседателот на Владата се осврна на проблемите со корупцијата и деградацијата на системот, повикувајќи на воспоставување на мерит систем и квалитетно образование како клучни двигатели кон забрзан економски развој. „Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот“, нагласи тој.

Претседателот на Владата се заблагодари на сите учесници и партнерите, вклучувајќи ја Амбасадата на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка за нивната поддршка во овој важен процес.

Во таа насока, на настанот, г-динот Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија, изрази задоволство од напредокот во рамки на процесот на подготовка односно донесување на Националната развојна стратегија. Тој укажа на важноста на широката согласност и вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес.

Согласно утврдениот дневен ред, беше презентирана управувачката структура односно улогата на Управниот одбор и Работниот комитет (базиран на моделот на „четирикратна спирала“ со подгрупи: државна администрација, јавен сектор, бизнис заедница и граѓанско општество).

Во работниот дел, по презентацијата и дискусијата, Советот го утврди текстот на нацртот на Националната развојна стратегија 2024-2044 година и Програмата за спроведување за периодот 2024-2028 година. Овие документи, Советот ги достави на разгледување до членовите Владата на Република Северна Македонија како предлог текст, и понатаму се доставени на разгледување и донесување во рамки на Собранието на Република Северна Македонија.

Советот продолжува со својата работа за заедничка и напредна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија.


RSM


UKAID RSM UNDPUNNM

Scroll to top

Вклучете се!

Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

Учествувај

© Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.