Национална развојна стратегија

Водостопанска инфраструктура – состојба, предизвици и развојни потреби

Водостопанската инфраструктура (ВИ) опфаќа поголем број структурни мерки насочени кон:

    • Адресирање на природната нерамномерност на расположливите водни ресурси
    • Намалување на загадувањето преку собирање и третман на водите
    • Намалување на ризиците поврзани со водите

    Надлежностите во управувањето со ВИ се споделени помеѓу повеќе институции на национално и на локално ниво, во согласност со постојната комплексна регулатива и политики.

    Преглед на тематските подобласти

    Категоризацијата на ВИ за потребите на НРС е усогласена со концептот и компонентите на пристапот на Водна сигурност (Water Security, UN Water, 2013) и тоа:

    Компонента на Водна сигурност Подобласти релевантни за државата
    1. Вода за пиење и обезбедување добросостојба 1.1. Водоснабдување
    1.2. Санитација и хигиена
    2. Економски активности и развој 2.1. Производство на храна
    2.2. Производство на струја
    2.3. Индустриско производство
    3. Опасности поврзани со водите 3.1. Одбрана од поплави
    3.2. Одбрана од суши
    4. Екосистеми 4.1. Намалување на деградација на екосистемите
    4.2. Примена на зелена инфраструктура

    Секоја од подобластите е поврзана со една или повеќе од другите тематски области и трансверзални прашања.

    Придонес на тематската област

    НРС овозможува единствена можност за промена на парадигмата во управувањето со водите како основа за подобрување на функционирањето на ВИ. ВИ може подобро да се интегрира во поширокиот контекст и може на подобар начин да го поддржи економскиот развој и да ги зајакне интегритетот и отпорноста на населението и на екосистемите.

    Тематска анализа / дијагностика

    Пополнете ја анкетата

    RSM


    UKAID RSM UNDPUNNM

    Вклучете се!

    Време е да се засилиме и да ја промениме иднината. Споделете го вашето мислење.

    Учествувај

    © Создаваме иднина заедно, НРС 2022-2042. Сите права задржани.